Сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани, во пресрет на вечерашниот меч од квалификациите во Лигата на Шампионите меѓу Шкендија и Карабах, на своите социјални мрежи испрати порака до јавноста, но и до фановите на нашиот шампион.
Еве што порачува првиот човек на Шкендија.
„Со најголема емоција за досегашните успеси, нашиот сон продолжува. Со голема посветеност и фокус, нашиот клуб чекори напред кон нови цели и кон успесите кои ги заслужуваме. Нашата цел е успехот и патот кон Лигата на шампионите.
Денес сите ќе бидеме на трибините, пеејќи ги нашите песни на победата и давајќи им поддршка на нашите играчи и стручен штаб, затоа што тие го заслужуваат тоа. Како навивач на Шкендија, ве повикувам денес да ја покажеме нашата спортска култура и да нè подлегнуваме на провокации.
Да не дозволиме говор на омраза во ниту една форма, затоа што тоа не нè претставува и не е дел од нашата култура. Ние, публиката и навивачите на Шкендија, како 12-ти играч, сме пример покажувајќи го нашиот висок стандард и достоинствено претставувајќи ја нашата љубов кон клубот. Ајде кон победата! Шкендија над сè!