Тајлер Мортон од вечерва и официјално е нов фудбалер на Олимпик Лион. Младиот фудбалер на Ливерпул заминува во Франција, откако Лион го објави потпишувањето на договорот со 22-годишниот играч од средниот ред. Договорот е на период од 5 години.
Според информациите, Ливерпул од трансферот на Мортон ќе заработи 10 милиони евра, а уште 5 милиони евра се во форма на бонуси. Доколку Лион го продаде играчот за повеќе од она за што го купи, Ливерпул ќе добие 20% од профитот.
Мортон минатата сезона одигра пет натпревари за првиот тим на Ливерпул и шест за младинскиот тим на „Редси“.