Милан ќе му плати 39 милиони евра на Бриж за Јашари

30
фото: Alfonso Sciascia (X)

Италијански Милан ќе го купи фудбалерот на Клуб Бриж, Ардон Јашари. Според инсајдерот Фабрицио Романо, белгискиот клуб прифатил понуда во вкупна вредност од 39 милиони евра за 23-годишниот играч од средниот ред и му дал дозвола да ги помине медицинските прегледи.

Претходно беше објавено дека Јашари ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“.

Минатата сезона во белгиското првенство, Јашари одигра 35 натпревари, постигнувајќи 3 гола и запишувајќи 4 асистенции.

ПретходноПораз од Швајцарија во првиот меч на 49. издание на турнирот „Чајка“
СледноСе подготвува нова НБА „бомба“: Њујорк чека шанса да го грабне Јанис