Никола Костески: Посебно е чувството да играм во ист клуб со мојот брат

32
ФОТО: RK Alkaloid.mk

Никола Костески (32) во новата сезона ќе биде еден од најискусните играчи во составот на РК Алкалоид. Крилото е во специјална фаза на подготовки во Маврово, каде полека се враќа во ритам по повредата која ја доживеа лани. Работи заедно со Марко Митев, под будното око на физиотерапевтот Тоше Трајковски, а низ рехабилитацискиот процес вози и велосипед.

Околу тренинзите со РК Алкалоид…

Се подготвуваме во фаза со физиотерапевтот Тоше Трајковски, тој го води рехабилитацискиот процес за враќање на мускулот. Се чувствувам добро, се надевам дека ќе биде се како што треба. Тренираме заедно со Марко Митев за да ја вратиме формата, под специјална програма и со велосипеди.“

За целите и настапот во Европа…

За нашата екипа може да кажам дека сме добро склопени, со засилен ростер и имаме поставени цели кои се високи. Моментална пречка во Европа ни е Хановер, тоа ќе бидат наши две први официјални средби. Сигурно дека го добивме можеби најтешкиот ривал, но ќе се надигруваме. Нема да потклекнеме пред ривалот, иако Хановер е бундеслигаш кој беше прво место во поголемиот дел од сезоната.“

За македонскиот шампионат…

Моментално, ако согледаме одблизу македонската лига е на највисоко ниво, оваа година сме четири до пет квалитетни екипи во битка за горниот дел на табелата. Нашите цели секако се највисоки и во лигата и во Купот, така што ќе играме против секого.“

За шансата првпат да ја дели соблекувалната со братот Ненад Костески во еден клуб…

Прекрасно е да се игра заедно и сум пресреќен, како постар сум тука да го советувам за се што треба, со цел да имаме подобар квалитет и да стигнеме до целта и да се креваме како играчи и тим. Бевме со него заедно во репрезентацијата во еден момент, а сега првпат сме заедно во клуб. Имаме ова година квалитетен ростер на играчи, а пред нас е тешка и долга сезона.“

ПретходноДали некој од Косово сака да направи хаос? ФИБА нема покренато постапка против Македонија!
СледноФФМ со порака за Шкендија: Веруваме во тимот, се надеваме на нова радост