Полувреме: Карабах со гол од пенал до 0:1, Шкендија мора подобро и похрабро! (ВИДЕО)

106

Заврши првото полувреме од мечот меѓу Шкендија и Карабах во рамките на 3.квалификациско коло во ЛШ и тоа со резултат 0:1 за гостите од Баку. Стрелец беше Бајрамов од пенал во 18.минута, казнет удар кој дојде по реакција на ВАР. Прекршокот на Вебстер, крајно нептребен, судијата Кружлијак го оцени како слободен удар,но сепак се виде веднаш дека тоа беше чист пенал.

Реално Карабах беше подобар тим, доминираше, имаше повеќе шанси па и зицери.

Шкендија премногу внимателна, импресионирана. Сепак се виде дека Карабах е далеку посилен тим од ТНС и ФЦСБ.

Ибраими во два наварати опасно се закани, а најголемата шанса ја имаше Красниќи, но неговиот шут беше блокиран.

ПретходноСе подготвува нова НБА „бомба“: Њујорк чека шанса да го грабне Јанис
СледноЛиверпул му го продаде Мортон на Лион за 10+5 милиони евра