Од вчера ракометарите на РК Пелистер се во својата нова база, на Златибор каде интензивно се подготвуваат за новата сезона во која ќе го бранат трофејот во домашниот шампионат, а секако дека ги чека и нова европска одисеја во Лигата на Шампионите.
Секако дека е интересно да се прочита и види што новаците говорат за својот нов клуб од Битола.
Ибрахим Калед Валид:
„Ова е мој втор ден тука, вчера првпат тренирав со новите соиграчи. Сите ми даваат поддршка и верувам дека ќе се наметнеме и ќе освојуваме трофеи. Најнапред целиме на сите домашни трофеи, а потоа посакувам добра сезона во Лигата на шампионите.
Ник Хенингман:
“По една недела во Битола, вчера стигнавме на Златибор. Добро работиме и многу тренираме и продолжуваме со подготовките. Цел ни е уште подобро да се подготвиме, затоа што нè чекаат многу нови предизвици, нови натпревари. Верувам дека ќе го освоиме домашниот шампионат и Куп и што е можно подобро да одиграме во Лигата на шампионите. Уште еден месец, па ќе играме во Битола. Едвај чекам да играм пред нашите навивачи, пред луѓето кои секогаш нè поддржуваат, пред „Чкембарите“. Се гледаме наскоро!“
Рудолф Хекберт:
“ Моите први импресии се многу позитивни. Сите соиграчи ме примија многу добро. Одлично се чувствувам, многу ми се допаѓа градот и клубот и едвај чекам да започне домашното првенство и Лигата на шампионите. Очекувањата се највисоки и желен сум за натпревари пред нашите навивачи.