Новата сезона во ПМФЛ лигата стартува во петок со два дерби дуели. Бранителот на титулата, Шкендија на домашен терен го пречекува Шкупи, додека три часа подоцна на Арената „Тодор Проески“ Вардар е домаќин на Пелистер.
Натпреварите од првите четири кола во ПМФЛ ќе бидат со директен пренос на МТВ, додека од први септември ќе стартува македонската Арена, која ќе ги превземе сите преноси од домашниот фудбал.
Во новата сезона во ПМФЛ ќе има ВАР-систем, првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ со овој голем чекор само потврди дека неговата цел е фер-плеј играта да биде во преден план.
РАСПОРЕД – 1. КОЛО (2025/26):
петок, 8. август
Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | градски стадион, Тетово
Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје
сабота, 9. август
Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | стадион Башкими, Куманово
Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга
недела, 10. август
Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | градски стадион, Кавадарци
понеделник, 11. август
Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | стадион Силекс, Кратово