Реал Мадрид ја нападна Ла Лига: Следната сезона е наместена!

221

Водството на шпанската Ла Лига го одби барањето на Реал Мадрид за одложување на првенствениот натпревар против Осасуна на 19 август.

Од Реал наведоа дека им е потребно одложување бидејќи играчите сè уште се уморни од минатата сезона, во која најдобрите фудбалери одиграа повеќе од 60 натпревари. Во „кралскиот“ клуб се бесни на таа одлука и преку клупската телевизија упатија остра порака до раководството на лигата. Инаку, Реал повремено ја користи својата телевизија за критики, најчесто кон судиската организација.

„Го испративме барањето за одложување на натпреварот на 9 јуни, бидејќи знаевме дека нашите играчи нема да се одморат доволно по Светското првенство за клубови. Одговор добивме дури на 31 јули. Дотогаш не’ игнорираа. Ги затворија вратите за логиката, спортската медицина и интегритетот на натпреварувањето“, изјави водителот на Real Madrid TV.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, е познат како отворен противник на Реал Мадрид. Јавно не’ критикуваше и рече дека натпреварот не смее да биде одложен. Ова е манипулација. Сезоната 2025/26 во Шпанија е наместена и манипулирана. Нашиот тим ја започнува сезоната по нивен избор, а не по случаен избор“, беше заклучокот на вчерашната емисија на клупската телевизија.

Реал учествуваше на Светското првенство за клубови, кое заврши на 14 јули, а „кралскиот“ клуб беше елиминиран неколку дена претходно. Играчите беа испратени на одмор, а во клубот се загрижени дека нема да бидат подготвени навреме за новата сезона. Реал лани не освои ниту еден значаен трофеј. Ги освоија Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп.

ПретходноЊукасл не се откажува, понуди 90 милиони евра за Шешко
СледноСантос дише полесно со Бразилецот: На Нејмар ова му се нема случено од 2022 година!