Долгогодишниот напаѓач на Тотенхем и капитен на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Сон Хеунг-Мин (33), ги договорил сите услови за трансфер во МЛС тимот Лос Анџелес, објавија американските медиуми. Сон, кој помина 10 години во Тотенхем, минатиот викенд објави дека го напушта клубот од северен Лондон една година пред истекот на договорот, по што веднаш се појавија информации дека кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес.
Според ESPN, Лос Анџелес ќе плати 26 милиони долари (околу 22,5 милиони евра) обештетување за Сон. Со тоа ќе биде соборен рекордот на МЛС, кој досега го држеше Атланта Јунајтед. Тие минатото лето платија 22 милиони долари (околу 19 милиони евра) за Емануел Лате.
Првиот европски клуб му беше германскиот Хамбургер (ХСВ), кој го доведе како 16-годишник. Во Хамбург остана до 2013 година, кога Баер Леверкузен плати 12,5 милиони евра за него.
Дваесет години подоцна го направи трансферот на својата кариера. Тотенхем плати 30 милиони евра и во дресот на лондонскиот клуб Сон стана еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. За Тотенхем одигра 454 натпревари, постигна 173 гола и забележа 101 асистенција. Беше капитен на тимот и со него ја освои Лига Европа минатата сезона.