Четвртиот најдобар пингпонгар во светот доаѓа во Скопје!

21

По четврти пат пингпонгарската федерација го организира светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) и тоа од групата на ѕвездите, односно т.н. Star Contender.

Првичните пријави најавуваат многу возбудливи натпревари и дополнително подигнување на нивото на натпреварот на светско ниво. Во машка конкуренција веќе е пријавен четвртиот најдобар на светската ранг листа Ли Сјунгсо од Кореа, додека кај жените своето присуство го потврди Хео Јерим исто така од Кореа – втора на светското рангирање.

Ова е трет настан од овој ранг во 2025 година, по одржување на WTT Contender Skopje 2025 во сениорска категорија и Младинските олимписки игри.

ПретходноНов скандал околу разводот на Мауро Икарди и Ванда Нара: Протече интимно видео!
СледноПораз од Швајцарија во првиот меч на 49. издание на турнирот „Чајка“