Шампионот има позитивен скор со клубови од Азербејџан, така нека биде и со Карабах!

80

Кога сме кај традицијата, тогаш треба веднаш да кажеме дека Карабах има успешен скор против клубови од Македонија. Двапати успеал да го елиминира Металург и еднаш Силекс. Од пет меча има четири победи и само едно реми.

Ама и Шкендија има успешен биланс или скор со клубови од Азербејџан, на три меча има две победи и едно реми.

Шкендија во таа 2016 година, во двомечот со Нефчи Баку од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа, во Скопје успеа да победи со 1:0 и тоа со голот на Бесарт Ибраими, сегашниот капитен на тетовци. Во Баку беше 0:0.

Во 2020 година, кога се играше само по еден меч, Шкендија како гостин го победи Сумгаит и тоа во Азербејџан со 0:2 со головите на исто Бесарт Ибраими и Љупчо Дориев, и двата од белата точка.

Ова беше натпревар од 1.квалификациско коло во Лигата на Европа.

Значи Шкендија, а посебно Бесарт Ибраими и тоа како знаат како треба против клубови од Азербејџан, па така нека биде и на двомечот со Карабах.

ПретходноСантос дише полесно со Бразилецот: На Нејмар ова му се нема случено од 2022 година!
СледноФИБА отвори постапка против КФСМ за Куманово