Шкендија е поразена од Карабах со 0:1 на првиот меч од пресметката во 3.квалификациска рунда во ЛШ. Се виде дека Карабах не е ТНС или Стеауа, но искуството, одважноста, поголемиот ризик што го преземаа Азербејџанците им донесе победа.
Да, Шкендија има за што да жали ако се погледне статистиката.
Поседот беше 45-55. Удари кон голот 17-19, удари директно во голо 7-6 за Шкендија, корнери 6-7.
Релативно израмнети бројки, проблемот беше што Шкендија немаше расположен стрелец за да постигне барем еден гол и со тоа го избегне поразот.
Вака ќе мора во Баку во вторник да бара чудо.
И конечно Карабах се покажа како непобедлив за нашите екипи. Шести меч и петта победа, трета среде Скопје.
На крајот убава атмосфера, одлична посета на трибините, убава фудбалска вечер во Скопје, но пак се најдоа некои кои со своето скандирање искочија во преден план.
Конечно еднаш засекогаш некои работи ќе мора да се променат.
За доброто на сите нас.