Шкендија против Карабах игра и за 10 милиони евра!

252

Шкендија вечерва од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ против шампионот на Азербејџан, Карабах, го игра првиот натпревар од двомечот во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Нашиот шампион веќе испиша историја, имено тетовските “црвено – црни“ остварија пласман најмалку во лигашката фаза во Лигата на Конференции, секако дека тука се и тие 5 милиони евра кои досега Шкендија ги има в џеб од УЕФА за тоа што досега е остварено.

Сепак, кога шансата е тука, тогаш зошто да не се мечтае и сонува за нешто повеќе, зошто да не се искористи. А тоа повеќе е историски пласман во плеј – офот во Лигата на Шампините и верувале или не, за 10 милиони евра.

Имено ако Шкендија успее да го емине Карабах ќе обезбеди пласман во плеј – офот во ЛШ и приход од УЕФА од 5 милиони евра, само за тоа.

Па така кога ќе се соберат тие евентуални 5 милиони евра и досега заработените 5 милиони евра, доаѓаме до фантастична сума од 10 милиони евра.

Значи Шкендија на овој двомеч со тимот од Азербејџан игра и за севкупни, најмалку, 10 милиони евра.

Секако дека ова ќе биде мотив повеќе и за самите фудбалери. Не е само славата дека успеале да испишат историја со пласман во плеј – офот во ЛШ, да дојдат најмалку на чекор до рајот, туку и поради премиите.

Ако тие имаа севкупна премија од 300.000 евра за триумфот над Стеауа, можеме да претпоставиме колкава ќе биде премијата ако го минат Карабах.

Да кажеме и тоа дека досега ниту еден наш спортски клуб, не заработил повеќе од 5 милиони евра со настап во Европа, или нешто помалку од тоа, освен Вардар во 2017 кога играше во групната фаза во Лигата на Европа и сега Шкендија кога ќе игра најмалку во Лигата на Конференции.

Да додадеме дека ако Шкендија го мине Карабах тогаш автоматски има пласман во лигашката фаза во Лигата на Европа.

И за крај, ако Шкендија биде елиминирана од Карабах, тогаш ќе игра во плеј – офот во ЛЕ и за тоа ќе добие плус 1 милион евра или вкупно 6 милиони евра.

Секако дека има разлика дали ќе дојдеш до 10 или до 6 милиони евра.

Затоа се тие посебни мотиви кај сите во таборот на нашиот шампион.

ПретходноБаер го завери Шик до 2030 година!
СледноФИФА на удар: Поднесена е колективна кривична тужба во име на 100.000 фудбалери