Шкендија сака, Шкендија може, Шкендија оди по нова историја!

95
ФОТО: KF Skendija/FB

Ова лето 2025 ќе остане запаметено кај фановите на Шкендија со оглед на историскиот успех во Европа, а тоа е пласманот во лигашката фаза (групна фаза) најмалку во Лигата на Конференции.

Шампионот веќе си испиша историја, но кога се дава шанса за нешто повеќе, истата треба да се искористи.

А таа шанса се вика Карабах, шампионот на Азербејџан. Да се потсетиме. Ако Шкендија ја мине оваа пречка од 3.квалификациско коло во ЛШ тогаш ќе игра во плеј – офот и ќе избори најмалку пласман во лигашката фаза во ЛЕ.

Ако пак не мине, тогаш ќе игра во плеј-офот во ЛЕ.

Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, се најавува и добра посета од околу 10.000 фанови, Шкендија ќе го има првиот дуел од двомечот со Карабах. Реваншот се игра следниот вторник во Баку.

Вечерва Шкендија оди на победа, тоа е јасно. Иако Карабах е фаворит, и тоа е јасно, нашиот шампион ова лето и тоа како покажа дека знае како треба да одигра на резултат. Успеа да ги елиминира ТНС и Стеауа и да дојде до историја, до овој двомеч со Карабах.

Шкендија ова лето покажа, водена од извонредниот стратег Јетон Беќири, европски фудбалска манири. Пред се сериозност, максимална посветеност кон својата игра, респект кон противникот, но и неверојатна верба во себе и своите квалитети.

Ретко кој веруваше дека оваа Шкендија има сила да го демолира ФЦСБ (Стеауа) играчки пред се, и во Скопје и во Букурешт. Сепак тоа се оствари. На сите ни е јасно дека со Карабах ќе биде пеколно тешко, но Шкендија веќе ја навикна јавноста на добри игри и добри резултати, па нека биде така и вечерва и следниот вторник.

На крај да кажеме дека Шкендија сака, Шкендија може, Шкендија оди по нова историја. Таму каде што досега ниту еден наш клуб не стигнал.

Па, напред Шкендија!

ПретходноСрбија со најголеми шанси да го освои Евробаскетот!
СледноТажна вест од Германија: Почина светски првак од 1990! (ФОТО)