По вечерашниот пораз од екипата на Карабах, тренерот на Шкендија Јетон Беќири, на прес-конференцијата зборуваше за она што се случуваше на теренот во Скопје.
„Мислам дека ова беше меч во кој не смеевме да примиме таков гол. Тоа беше ситуација во која што мораше да бидеме повнимателни. Да бидеме искрени Карабах имаше добри шанси, но и ние. Бевме подобри во вториот дел. Сакам и покрај се да им честитам на играчите. Ќе се обидеме да ја најдеме грешката кај нас, затоа што кога не победуваме јас сум одговорен. Ќе ги бараме нашите шанси во Баку. Ништо не е готово, ако одиграме перфектен меч, можеме да извлечеме добар резултат на гости “, изјави Беќири.