Вообичаено кога станува збор за Шкендија ова лето и нејзините настапи на европската сцена. Имено и вечерашниот меч со Карабах ќе биде пренесуван низ директен пренос на МТВ.
Секако дека ова е убава можност за оние фанови кои не ќе можат да дојдат вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, барем преку своите ТВ екрани да ги следат настаните од овој важен меч за нашиот шампион.
Инаку натпреварот, како што е познато, започнува во 20 часот, а директниот пренос ќе започне неколку минути порано.