Не стивнуваат реакциите за мечот меѓу Македонија и Романија, кој се одигра во Куманово. Ова беше прв дуел на нашата селекција во рамките на претквалификациите за СП 2027 година. Мала група на навивачи предизвикаа бурни реакции во Европа поради нивното неодговорно и националистичко навивање.
Во јавноста се огласи КФСМ и Премиерот, Христијан Мицкоски, кои го осудија овој чин, а Обвинителството во Куманово отвори истрага.
Најновата информација е дека ФИБА покренала постапка против КФСМ за Куманово.
„Ова е тема од голема важност за ФИБА. Ве информираме дека настаните што ги споменувате во моментов се предмет на отворена истрага од страна на ФИБА“, се вели во одговорот до Радио Слободна Европа/Радио Либерти.
Ниту една федерација вклучувајќи ги сите македонски не поддржуваат националистички навивања. Во спортот има нулта толеранција за ваквите скандирања од страна на фановите.