Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на 5-ти септември на гостински терен ги започнува квалификациите за Европското првенство. Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ уште на стартот на својот мандат најави дека младите надежи ќе играат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Па на големо се работи на стадионот во овој град, вели дека до сега се вложени 100.000 евра, сигурно сумата ќе „скокне“ за уште 50.000 евра.
Македонија на 9-ти септември ќе ја пречека Италија во Битола во рамките на второто квалификациско коло.
Единствен проблем во овој момент за оваа средба е хотелскиот капацитет, кој градот не може да го исполни за оваа репрезентација. Но, од Италија дошло најава дека се согласни да спијат во Охрид каде и ќе слетаат.