Романија ја победи Унгарија и сега има “два од два“ во нашата група

152
ФОТО: FIBA.COM

По победата во Куманово во претквалификациите за СП 2027, во групата Б како гостин против Македонија, вечерва селекцијата на Романија, како домаќин, славеше и против Унгарија со 76:64.

Ова значи дека засега Романците се максимални, имаат “два од два“ и се наоѓаат на првото место во групата Б.

Романците освен во првата четвртина, доминираа на теренот во Орадеа, и на крајот заслужено победија.

Треба да се каже дека во сабота во Шолнок, домашната селекција на Унгарија ја дочекува Македонија. Потоа ние играме исто на гости во Орадеа кај Романија, а на последниот меч во оваа група ја дочекуваме селекцијата на Унгарија.

ПретходноНовак повторно дел од спектаклот “Шест кралеви“ во С. Арабија!(ФОТО)
СледноНевидена дрскост: Не се знае дали ќе го стартуваат првенството, а тие го најавуваат гостувањето под Шара како супер-дерби! (ФОТО)