Американските кошаркарки бесни: Престанете да фрлате дилда на теренот, ќе нè повредите (ВИДЕО)

72
Фото: Screenshot: X

Непримерното однесување на навивачите повторно предизвика хаос на натпревари од ВНБА лигата. Секс-играчки повторно завршија на паркетот, и покрај претходните апсења и апелите од кошаркарките да престане оваа опасна и понижувачка пракса. Во вторникот навечер беа забележани два одделни инциденти – еден за време на натпреварот помеѓу Њујорк Либерти и Далас Вингс, а другиот меѓу Лос Анџелес Спаркс и Индијана Фивер.

Во Лос Анџелес, зелен предмет, кој личел на дилдо, завршил на теренот и ја погодил ѕвездата на Фивер, Софи Кинингем, додека се подготвувала да ја изведе топката под противничкиот кош кон крајот на втората четвртина. Играчката на Спаркс, Келси Плам, со нога го отстранила предметот од паркетот.

Продолжување на вознемирувачкиот тренд

Во Њујорк, сличен предмет бил фрлен од трибините, но не стигнал до теренот. Видеото од инцидентот кружи на социјалните мрежи. Од Њујорк Либерти одбиле да го коментираат случајот.

„Престанете да фрлате дилдои на теренот“, порача Кинингем преку платформата X за време на викендот. „Ќе повредите некого.“

Ова е продолжување на вознемирувачки тренд кој започна пред неколку недели, а веќе доведе до апсење на 23-годишен навивач, кој е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир, непристојно однесување. Тој на 29 јули фрлил предмет за време на натпреварот помеѓу Атланта Дрим и Валкирис.

„Мислам дека постојано треба да се потенцира колку е важно да се заштитат кошаркарките, бидејќи ова не е само прашање на безбедност, туку и прашање на зрелост. Мразам што вакви работи се поврзуваат со нашата лига и нашиот имиџ“, рече Харисон, една од кошаркарките. 

ПретходноЕмилијан Ѓорговски: Одлично сум прифатен! Не ми беше тешко да се вклопам во тимот!
СледноЃорческа избори второ коло во Куршумлијска Бања