Валенсија преговара со Елче за позајмица на Димитриевски

66
ФОТО: FC Valensia/FB

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и натаму е пред раскрсница за тоа каде ќе ја почне новата сезона. Најновите вести од Шпанија велат дека неговиот актуелен клуб Валенсија веќе го понудил нашиот голман на новиот шпански прволигаш Елче.

Засега нема конкретни информации за преговори, но се претпоставува дека Димитриевски би можел да замине во Елче на позајмица од една сезона. Покрај Елче, како заинтересирани тимови за нашиот репрезентативец се споленуваа и Селта и Леванте, но се чини дека токму Елче во моментов е најреална опција за Димитриевски.

Ако остане во Валенсија, повеќе од сигурно е дека Столе ќе му биде резерва на Хулен Агирезабала, кој има клаузула во договорот со „лилјаците“ дека ќе биде прв голман.

ПретходноЛиверпул и Ал Хилал се договориле за Дарвин, се чека „Да“ од Уругваецот
СледноМакедонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026