И готово е. Дарвин Нуњез е нов член на Ал-Хилал. Откако денеска се знаеше дека има договор меѓу клубовите, најново е тоа што и Уругваецот кажал ДА, па така сега следуваат само лекарските прегледи и секако промоцијата во тимот од Саудиска Арабија каде што тренер е Симоне Инзаги.
“Инсајдерите“ а одредени медиуми на Островот потенцираат дека Дарвин ќе заработува најмалку 20 милиони фунти годишно, додека Ливрпул ќе добие отштета од 53 милиони фунти плус бонуси.
По ова сега и дефинитивно “Редси“ ќе тргнат по Александер Исак или Родриго.
Интереснио, ова лето Арне Слот остана без тројца напаѓачи. Прво без трагично загина Диого Жота, потоа Луис Диас се пресели во Баерн Минхен а сега Дарвин се договори со Ал-Хилал.
Но затоа тука се Салах, Вирц, Екитике, веројатно Исак или Родриго.