Готово е: Зидан седнува на селекторската клупа по СП 2026

84

Новинарот на Радио Монте Карло, Жилбер Бризбоа, во својата емисија „After Foot“ потврди дека Зинедин Зидан ќе ја преземе функцијата селектор на Франција по Светското првенство во 2026 година.

„Дидие Дешан си заминува во 2026 година. За една година ќе го имаме Зидан! Каква радост! Готово е, одлучено е“, објави Бризбоа.

Овие зборови, како што се очекуваше, предизвикаа голем одѕив и во Франција и во Шпанија, бидејќи многумина веруваат дека циклусот на Дидие Дешан требаше да заврши на последното Европско првенство.

ПретходноБарселона бара од градот да им дозволи да играат на „Камп Ноу“ со 30.000 гледачи
СледноМакедонските кошаркари утрово заминаа за Унгарија (ФОТО)