Некогашниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун е уверен дека времето на Хамилтон во Ф1 е завршено. Поранешниот шеф на натпреварувањето го повика Луис Хамилтон, кој потпиша договор со Ферари до крајот на 2026 година, веднаш да се пензионира.
„Луис е многу талентиран – тој беше и веројатно сè уште е. Но, тоа е она што им се случува на многу спортисти: кога ќе стигнете до врвот, патот води само во еден правец, и тој не е многу пријатен. Само надолу. Луис е уморен. Тој го прави ова целиот свој живот. Треба да направи пауза од тоа – засекогаш, целосно да се ресетира и да направи нешто сосема друго. Можеби не мисли така, но брзо ќе се навикне на други работи кога ќе се пензионира. Мислам дека требаше да го направи тоа одамна. Мора да си оди сега“, изјавил Еклстоун.