Вечерва експедицијата на нашата кошаркарска селекција пристигна во Солнок, каде во сабота ќе ги одмериме силите со домашната селекција на Унгарија. Мечот почнува од 18 часот.
Инаку Унгарците вечерва играа на гости кај Романија во Орадеа и беа убедливо поразени, па како што стоја сега работите веројатно тој саботен меч ќе биде екстра важен и за двете селекции.
Како што е познато, селекторот Марјан Илиевски одлучи да го крати списокот па во Солнок се 15 кошаркари, секако дека до сабота има време да одлучи кој од нив ќе биде надвор од комбинација за натпреварот.