По поразот на првиот меч со Романија во Куманово на стартот на претквалификациите за Светското првенство во 2027 година, машката кошаркарска репрезентација на Македонија утрово замина за Солнок во Унгарија, каде в сабота (18 ч.) против тамошната селекција ќе го одигра и вториот меч во групата.
Денеска нашиот следен ривал, Унгарија, гостува кај Романија во меч од втората рунда.