На повидок сериозен трансфер: Грилиш се сели во Ливерпул?!

81
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Се чини дека и дефинитивно за Џек Грилиш, некогаш еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата, како да нема место во Манчестер Сити. Токму затоа и тој, но и Пеп Гвардола сметаат дека за крилниот офанзивец на репрезентацијата на Англија најдобро ќе биде да се пресели во некој друг клуб, барем на позајмица.

Па така денеска една од топ – вестите на Островот е дека Грилиш би можел да се пресели во градот Ливерпул, ама во синиот дел, во тимот на Евертон.

Преговорите наводно биле во тек. “Карамелите“ повеќе преферираат една година да биде на позајмица па потоа да го откупат, додека „граѓаните“ бараат веднаш да дојде до класичен трансфер. Инаку договорот на Грилиш со Сити е до 2027 година.

ПретходноИ официјално: Ванкувер го претстави Томас Милер! (ФОТО)
СледноГотово е: Дарвин во Ал-Хилал за 20 милиони фунти годишно, Ливерпул добива 53 милиони и плус бонуси!