Невидена дрскост: Не се знае дали ќе го стартуваат првенството, а тие го најавуваат гостувањето под Шара како супер-дерби! (ФОТО)

608
ФОТО: FC Skupi/FB

Каква невидена дрскост од страна на Шкупи. Откако денеска претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, јавно кажа дека само Шкупи не ги исполнува условите за ВАР, по вина на чаирчани, а потоа искочи информација дека им виси и настапот во ПМФЛ претстојната сезона зошто немаат регистрирано 15 професионални фудбалери, раководството на Шкупи се прави наудрено. Како овие информации се за некој друг клуб, а не за нив.

Па така предмалку “мртви ладни“ преку својот официјален ФБ си го најавуваат мечот од 1.коло со Шкендија во петок како супер – дерби и дека тоа било натпревар кој значел повеќе од три бода.

Ни збор за тоа зошто досега не си ги исполниле обврските за инсталирање на потребните работи за ВАР, и дали мислат во следните часови да регистрираат 15 играчи како професионалци за да можат воопшто да го започнат шампионатот.

ПретходноРоманија ја победи Унгарија и сега има “два од два“ во нашата група
СледноАрсими го претстави и четвртото засилување денеска! (ФОТО)