Новак повторно дел од спектаклот “Шест кралеви“ во С. Арабија!(ФОТО)

35
Фото: Roland-Garros @rolandgarros

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тернисер во историјата, и оваа година ќе настапи на турнирот во Ријад, таканаречениот „Слем на шесте кралеви“. Спектакуларниот турнир ќе се одржи од 15 до 18 октомври во „АНБ Арена“, а покрај Новак, ќе играат и Јаник Синер, Карлос Алкараз, Александар Зверев, Џек Дрејпер и Тејлор Фриц.
Информацијата на својот официјален профил ја потврди Турки Алалших, советник на саудискиот претседател Мухамед бин Салман Ал Сауд и човек задолжен за проектот за популаризација на спортот во оваа блискоисточна монархија.

За сите љубители на тенисот – кралевите се враќаат! Шестмина од најдобрите играчи во светот ќе се судрат на турнирот „Слем на шесте кралеви“, кој ќе се одржи во Ријад овој октомври“, напиша Алалаших.

ПретходноКоцев: Сезоната ќе биде тешка! Посакуваме да имаме добро издание во ЕХФ Европскиот Куп
СледноРоманија ја победи Унгарија и сега има “два од два“ во нашата група