За време на презентација на сето она што беше работено во изминатите три месеци за да ВАР системот стане македонска фудбалска реалност, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ зборуваше и за други теми.
Со оглед на тоа дека сезоната стартува веќе во петок, во фокусот на вниманието се навивачките групи. Во последно време сме сведоци на неспортско навивање од стана на фанови, кои за жал ваквите настани ги користат за други цели.
Омерагиќ потенцира дека сите навивачи се добредојдени, но ФФМ нема да толерира националнистичко навивање.
„Ќе сторам се за да и навивачите бидат повеќе присутни на фудбалските натпревари. Навивачките групи се добредојдени на гостувњата. „Пецкања“ и препукувања имало, и ќе има, тоа е така секаде во светот. Но, нема да дозволиме навивање на национална основа, нема да дозволиме фудбалот да биде алатка за политички и националистички препукувања“, рече првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.