Пепиќ: На сите нас треба да ни е јасно дека е гордост да се бранат боите на Македонија!

37
Фото: КФСМ

По младинската, потоа и јуниорската, ова лето дојде редот и на кадетската репрезентација на Македонија да покаже каков потенцијал, квалитети енергија има за настап на едно Европско натпреварување.

Од 7. до 16. август, Македонија ќе биде домаќини на евро-шампионатот во кадетска конкуренција.

Селекторот на репрезентацијата „Под 16“ години, Нермин Пепиќ потенцира неколку битни моменти пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

„Генерално сум задоволен од подготовките. Најбитно е дека екипата е комплетна, немаме повредени играчи и сите се спремни да го дадат својот максимум. Исто така ми е особено важно играчите да бидат максимално мотивирани, и да не ни недостасува желбата за победа бидејќи играме на домашен терен и пред нашата публика. На сите нас треба да ни е јасно дека е гордост да се бранат боите на Македонија, и дека репрезентацијата е над сите. Само така, заедно сплотени можеме да обезбедиме што е можно подобар пласман“, вели селекторот на нашата кадетска репрезентација.

Пепиќ вели дека знаат доста работи за ривалите во групата, но оние дополнителните ќе следуваат во текот на шампионатот, кој ќе се игра во двете сали на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

„Имаме информации за противниците. И иако тоа не се некои звучни репрезентации, можам да кажам дека сите располагаат со некаков квалитет и секој натпревар очекуваме да биде неизвесен“, дополнува Пепиќ пред стартот на првенството кое е во организација на нашата федерација.

Нашата машка кадетска репрезентација ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 7. август (четврток), од 18.30 часот, кога во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, следува натпреварот против селекцијата на Кипар.

Наредниот ден, на 8. август, во истиот термин, Македонија ќе игра против селекцијата на Ирска, додека на 9.август против Полска. По ден одмор кадети на 11. август ќе ги одмерат силите со селекцијата на Босна и Херцеговина. Прва фаза од првенството кадетите ќе ја затворат на 12.август против Словачка.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Шведска, Велика британија, Португалија, Црна Гора, Австрија;

ГРУПА Б: МАКЕДОНИЈА, Словачка, БиХ, Полска, Ирска, Кипар;

ГРУПА Ц: Холандија, Данска, Исланд, Хрватска, Украина, Косово;

ГРУПА Д: Белгија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Норвешка;

ПретходноИталијанците ќе спијат во Охрид зошто во Битола нема сместувачки капацитет
СледноНа сите играчи кои ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите