Како што е веќе познато, тимот на Беса нема да биде дел од новата ВМФЛ сезона. На ден пред ждрепката клубот од Добри Дол се откажа од натпреварувањето, пред неколку дена со официјално писмо го извести раководството на Фудбалската федерација на Македонија. Па така, од ФФМ информираат дека на нејзино место 99% влегува тимот на Преспа кој што беше шампион во својот регион.
Во следните денови оваа одлука ќе биде и официјализирана од страна на Фудбалската федерација на Македонија.