Србинот Лука Лукович ја засилува одбраната на Брера

73

Одбрамбениот фудбалер Лука Лукович од Србија е новото засилување на првиот тим на Брера за новата сезона во ПМФЛ: Станува збор за играч кој има 24 години и доаѓа од Белград а фудбалски од Балзан Малта каде настапуваше во пролетниот дел од минатата сезона.

Освен во Малта, Лукович кој е висок над два метри, две сезони има играно и во естонскиот шампионат. Таму ги бранеше боите за две екипи а во српскиот фудбалски шампионат има настапувано за Смедерево, Слога Краљево, Телеоптик, Синџелич Белград.

„Се очекува Лука да биде столб на одбраната на првиот тим кој оваа сезона ќе настапи во подмладен соста“, се вели во соопштението на Брера.

ПретходноВладимир Лучиќ за Newsmax Balkans: Телеком Србија инвестира 50 милиони евра во Северна Македонија – целиме кон лидерска позиција
СледноИталијанците ќе спијат во Охрид зошто во Битола нема сместувачки капацитет