Стадионот во Чаир не ги исполнува минималните услови за ВАР, Шкупи ќе мора да бара „чаре“

708

Денеска во ФФМ беа откриени сите детали за ВАР-системот кој за првпат во историјата на македонскиот фудбал ќе почне да се применува во новата сезоната во ПМФЛ.

Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ откри дека стадионот во Чаир на Шкупи не ги исполнува условите за ВАР, иако им било обезбедено се. Нема да има попуст за никого – па затоа ќе мора да бараат да играат на друго место.

„ Сега на ред се клубовите да ги превземат обврските. Шкупи не ги исполни обврските, не се поставени платформи за камери и климатизирана просторија. Минималните услови не се исполнети, што значи дека нема да добијат дозвола да играат на тој стадион. Ќе мораат да си бараат решение“, рече Омергиќ, кој потенцира дека македонски телеком исто така им помогнале во процесот на спроведување на ВАР-системот.

Новата сезона во ПМФЛ стартува во петок, Шкупи е гостин на Шкендија, но веќе за следниот меч против Силкс дома ќе мора да најде стадион. Засега се обратиле кај Гостивар, но добиле негативен одговор.

 

ПретходноФИФА и УЕФА со честитки за Омерагиќ: ВАР системот од петок станува македонска фудбалска реалност
СледноПреспа ја менува Беса во ВМФЛ