Денеска во ФФМ и официјално беа промовирани сите информации за ВАР-системот кој за првпат во историјата на македонскиот фудбал ќе почне да се применува во новата сезона во ПМФЛ која стартува во петок.
Од ФФМ информираат дека ВАР собите ќе бидат избрендирани според сите стандарди, ќе ги има вкупно три, па ќе можат да се играат три натпревари во исто време.
Претседателот на нашата „куќа на фудбалот“, Масар Омерагиќ веднаш по неговото доаѓање најави дека прва цел ќе биде ВАР-системот. Иако имаше и такви кои не веруваа, сепак денеска првиот човек на ФФМ може да биде горд на макотрпната работа и посветеност за да фер-плејот биде во преден план во ПМФЛ, а со тоа да оди напред самиот фудбал.
„За овие три месеци направивме огромна работа. На многу поголеми федерации од нашата им беше потребна година дена, можеби и повеќе за да го спроведат ВАР системот. Затоа ФИФА и УЕФА ни оддадоа признание, не им се вруваше дека за толку кратко време ќе успееме да го реализираме овој голем проект“, рече Омерагиќ.
ФФМ ќе озбебди и репортажно возило ќе може да се користи за преноси.