Одличен настап на Ц. Звезда вечерва во Познањ на гости кај Лех и убедлива победа од 1:3 во првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Круниќ беше стрелец на два гола, Дуарте погоди еднаш, додека за домашниот состав Ишак. Се чини дека реваншот во Белград ќе биде само формалност и дека српскиот шампион веќе е во плеј – офот во ЛШ каде што најверојатно ќе игра со кишарскиот Пафос или Динамо Киев.
Инаку можните ривали на Шкендија, Лудогорец и Ференцварош одиграа 0:0, па така реваншот во Унгарија ќе каже кој ќе игра во плеј – офот во ЛШ а кој во ЛЕ.
Секако дека ова е интересен двомеч и за нашиот шампион.
Во случај Шкендија да направи чудо во Баку и да го елиминира Карабах, тогаш во плеј-офот во ЛШ ќе игра со победникот од двомечот меѓу Лудогорец и Ференцварош.
Во случај на елиминација, тогаш ќе игра во плеј-офот со поразениот од двомечот Лудогорец – Ференцварош.