После “сагата“ со Џиџи Донарума, се чини дека и дефинитивно нешто се случува во рајот на ПСЖ. По се изгледа дека дебаклот од Челзи во финалето на СКП и тоа како го размрда сите во таборот на новиот европски првак.
Па така денеска медиумите во Франција, најавуваат дека Бредли Баркола ќе се пресели во Ливерпул следното лето и тоа како замена за Мохамед Салах кој во јуни 2026 одлучил да прави трансфер во Саудиска Арабија.
Можеме само да претпоставиме каков напад би имале “Редси“ за сезоната 2026/27. Вирц, Баркола, Екитике, можеби Исак и Родриго.
Просто да се “смрзнеш“.
Од друга страна Португалецот Гонзало Рамос е на излезна врата уште ова лето од “Паркот на принцовите“.
Се шпекулира дека за него силен интерес пројавуваат Њукасл и Астон Вила.