Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во второто коло од ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Таа во денешниот меч од првото коло за противничка ја имаше Романката Стефанија Бојика, која во вториот сет го предаде мечот. До моментот на прекин Ѓорческа водеше со 1-0 во сетови и 1:0 во гемови во вториот сет.
Следна противничка на македонската тенисерка ќе и биде Виторија Паганети од Италија (19 години, 499 место ВТА листа), која денеска ја совлада Рада Золотарева со 2-0 во сетови (64 62).
Турнирот во Србија се игра за награден фонд од 30.000 американски долари.