Арсими ги промовираше Силјановски и Ајдини!

251
ФОТО: KF Arsimi/FB

Од денеска новиот прволигаш, тимот на Арсими е посилен за двајца нови играчи. Тоа се искусниот голман Дејан Силјановски и Ринор Ајдини.

Последен клуб на Силјановски беше Беса, а претходно го носел дресот и на Воска, Гостивар, Шкупи, Македонија ЃП, Беласица.

Ринор Ајдини доаѓа од Шкупи каде ова лето се задржа само еден месец и кога сфати дека заминал во погрешна средина, денеска потпиша за Арсими.

Тој како играч за врска и тоа како ќе биде големо засилување за Арсими, последен клуб му беше Гостивар.

Ново име е и дефанзивецот Медин Бајрами кој дојде од Работнички.



ПретходноЛајпциг преговара со Ливерпул за Харви Елиот
СледноКоцев: Сезоната ќе биде тешка! Посакуваме да имаме добро издание во ЕХФ Европскиот Куп