Барселона поднесе барање за да го одигра мечот со Валенсија од Ла Лига на својот стадион „Камп Ноу“ на 14 септември. Врпочем, ова ќе биде првиот домашен натпревар во новата сезона за Барселона во Ла Лига.
Барселона знае дека не може да го одржи натпреварот со посакуваната посетеност од 60.000 гледачи. Клубот поднесе барање до градскиот совет за да добие одобрение за прием на 30.000 навивачи на овој натпревар, објави „Марка“. Истото важи и за натпреварот со Хетафе, кој треба да се одигра на 21 септември.
Се очекува во следната фаза дозволената посетеност на стадионот да се зголеми на 45 илјади гледачи, а подоцна и на 60 илјади.