Македонскиот одбојкарски вицешампион и освокјувач на Купот, екипата на Штип УГД ќе има уште едно странско засилување за следната сезона. Последните клупски информации велат дека штипјани веќе го договорите трансферот на Канаѓанецот Максимус Краудер.
Станува збор за 25-годишен одбојкар кој настапува на позицијата среден блокер и кој во Штип се сели од Германија, каде минатата сезона го носеше дресот на Блу Волејс Гота. Претходно Краудер настапуваше на колеџот Хамбер.
Штип УГД кој следната сезона се подготува за атак на титулата, секако се обидува да направи и респектабилен состав со кој ќе се обиде да остане и што подолго во европскиот Челинц Куп на ЦЕВ.