“Спортспорт“ во февруари оваа година го претстави талентираниот Македонец од Охрид, Дејан Спасески. Тогаш имаше само 15 години и беше дел од Академијата на Лече. Добро е тоа што благодарение на новото раководство на ФФМ, успеавме во мисијата да игра за Македонија во младите категории ако веќе се знае дека Спасески во себе има огромен потенцијал. Најдобро се снаоѓа на позициите полушпиц и офанзивен играч за врска.
Па така детето од Охрид сега е нов член на Сасуоло, откако потпиша за овој италијански клуб.