Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези, експресно, ќе добијат нов тренер во тимот на Сараево. Откако босанскиот тим беше елиминиран од Универзитатеја Крајова во прелиминарното коло од Конференциската лига, а во првенството ремизираше со Радник (4:4) на меч на кој Елези постигна два, а Ристовски еден гол, досегашниот тренер Зоран Зекиќ си поднел оставка.
„Вистина е, поднесов неотповиклива оставка. Ќе ги разработам деталите со клубот. Во моментов не би сакал да коментирам понатаму“, кратко изјави Зекиќ.