Екипата на ТФТ го потпиша последното странско засилување за новат сезона. Реј Сомервил ќе биде задолжен за играта под обрачите.
„Играч со извонредни физички способности, моќен скокач и голема атрактивност на теренот, кој се очекува да биде столбот под обрачите во АБА лигата и домашниот шампионат“, велат од ТФТ.
За Сомервил ова ќе биде прво европско искуство. Има 25 години, а претходната сезона ја помина на Универзитетот Делавер, настапувајќи во NCAA.