Дуелите на Арената и под Шара прогласени за мечеви од висок ризик!

338

Утре стартува новата сезона 2025/26 во нашата елитна фудбалска лига. И на стартот веднаш две дерби средби.

Вардар и Пелистер играат од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, а под Шара од 17 часот, Шкендија го дочекува Шкупи.

Со оглед на тоа дека и на двата меча се очекува да има навивачки групи и од домашните и од гостинските екипи, и двата дуели се прогласени за мечеви од висок ризи.

Како што е познато, во сабота ќе се играат уште две средби од ова 1.коло, во недела се игра еден и колото завршува со мечот во понеделник во Кратово меѓу Силекс и Брера.

ПретходноЈокиќ на 39 чекори до вечноста – дали следната сезона ќе биде историска?
СледноНикој не сака да оди во најбогатиот клуб во светот: Њукасл и дефинитивно ја загуби битката за Шешко!