ЛЕ и ЛК: Зеко со Дрита имаше 0:2 среде Букурешт, ама на крајот беше поразен од ФЦСБ на Бекали, дебакл на Џани и Лугано

248

Вечерва ширум Европа се одиграа првите мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Супер интересно беше во Букурешт каде гостуваше Дрита на нашиот стратег Зекирија Рамадани, и веднаш да кажеме дека до 64.минута имаше водство од 0:2 кај ФЦСБ. Можеме само да претпоставиме што во тие моменти размислуваше контроверзниот Џиџи Бекали.

Во составот на Дрита беше и Егзон Бејтулаи. Сепак по еден луд пресврт, шампионот на Романија на крајот славеше со 3:2. Реваншот следната недела се игра во Косово.

Тежок дебакл за Лугано на Џани Алиоски и тоа дома и тоа од Цеље и тоа со 0:5. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч за поразениот тим.

Марко Ѓорѓиевски за Клуж на мечот со Брага (1:2), влезе во игра во 89.минута и одигра само неколку минути.

Дарко Велковски (Зрињски), Кристијан Трапановски (Данди Јунајтед) и Димитар Митровски (Олимпија) не беа воопшто во составите на своите тимови.

Претходно“Чеканите“ се избламираа: Вест Хем одби да му понуди нов договор на Антонио! (ФОТО)