Судии за ПМФЛ: “Дербито на Македонија“ за Грујоски, одредени се и ВАР судиите на сите мечеви!

394

Одредени се судите за сите шест средби од 1.коло во новата сезона. Александар Грујоски од Кичево ќе биде главен судија на “Дербито на Македонија“ меѓу Пелистер и Вардар кое се игра утре од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Во продолжение можете да ги видите сите судии на сите натпревари, а за првпат во историјата на фудбалска Македонија во ПМФЛ, одредени се и ВАР судииите.

Познато е дека од оваа сезона, и тоа благодарение на првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ на сите мечеви од ПМФЛ ќе има и ВАР.

СУДИИ ЗА 1.КОЛО

ПЕТОК

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (17:00 Ч)

Главен: Игор Стојчевски. Помошници: Гоце Петрески и Филип Ицкоски. Четврти: Бењамин Ќерими. ВАР: Стојанче Стојанов. АВАР: Мартин Петковски.

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (20:00 Ч)

Главен: Александар Грујоски. Помошници: Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски. Четврти: Пларент Салихи. ВАР: Фатмир Бафто. АВАР: Мишо Ѓорѓиевски.

САБОТА

БАШКИМИ – АРСИМИ (17:30 Ч)

Главен: Влатко Илиоски. Помошници: Борис Трајков и Иле Мишевски.Четврти: Кирил Смоквоски. ВАР: Стојанче Трпчевски. АВАР: Тоше Ицев.

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП (17:30 Ч)

Главен: Благојче Ралевски. Помошници: Владимир Митревски и Петар Степановски. Четврти: Јован Качевски. ВАР: Никола Костенчев. АВАР. Фуркан Идризи.

НЕДЕЛА

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ (17:30 Ч)

Главен: Стојанче Стојанов. Помошници: Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев.Четврти: Крумислав Ѓорѓиев. ВАР: Игор Стојчевски. АВАР: Гоце Петрески.

ПОНЕДЕЛНИК

СИЛЕКС – БРЕРА (17:30 Ч)

Главен: Стојанче Трпчевски. Помошници: Тоше Ицев и Душко Панов. Четврти: Игор Иванов. ВАР: Бењамин Ќерими. АВАР: Дарко Видиниќ.

ПретходноФлик остана без одличен стопер кој се сели во Ал-Наср кај Роналдо!(ФОТО)
Следно“Чеканите“ се избламираа: Вест Хем одби да му понуди нов договор на Антонио! (ФОТО)