Ташовски: Унгарија е фаворит, ни треба добра транзиција

57
фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа пристигна во Солнок, каде в сабота против Унгарија ќе го одигра и вториот меч од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Виктор Ташовски кој е дел до бековската линија во сениорскиот тим, во пресрет на дуелот со Унгарците вели:

„На натпреварот со Романија одиграме релативно добро, но пресуди нашето неискуство. Се уште сме многу млади, имаме некои играчи кои се во улога на дебитанти. Во дуелот со Унгарија, треба да пробаме да ги намалиме грешките. Што помалку грешки, толку подобро. Мислам дека нашата транзиција беше делумно добра. И сметам дека ако имаме подобра транзиција, можеме да извадиме и подобар резултат на гости. Македонија треба да биде над своите можности. Веројатно ќе бидеме во улога на аутсајдери на овој натпревар. Но ништо не е нереално. Но јас ќе бидам оптимист, и ќе кажам дека одиме на победа. Како на натпреварот со Унгарија, така и на следното гостување во Романија. Не е нереално да се победи и таму, така да очекувам победа на двата меча“ – смета Ташовски.

ПретходноНишто од американските инвеститори, Општина Прилеп спасител на Победа
СледноАлексовски и Авиа ќе ги бранат на Македонија на ЕП за младинци во Финска