Трострукиот МВП на НБА е подготвен да направи историски подвиг во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот, а во моментов му недостасуваат само 39 трипл-дабл натпревари за да го стигне Расел Вестбрук, кој е лидер со 203 трипл-дабла.
Јокиќ се наоѓа на третото место на листата на сите времиња со 164, зад Вестбрук и НБА легендата Оскар Робертсон, кој има 181 трипл-дабл.
Тој исто така е подобро рангиран од некои од најголемите имиња во историјата на НБА лигата, вклучувајќи ги Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Вилт Чембрлејн.
За потсетување, минатата сезона, вклучувајќи го и регуларниот дел и плејофот, Јокиќ имаше вкупно 37 трипл-дабла.
Сето тоа оди во прилог на тоа дека токму во сезоната 2025/26, Јокиќ има голема шанса да го собори рекордот и многу веројатно е дека ќе стане најдобриот во оваа категорија.
View this post on Instagram