Алексовски и Авиа ќе ги бранат на Македонија на ЕП за младинци во Финска

29
фото: Атлетска Федерација на Македонија (Facebook)

Македонија со двајца атлетичари ќе настапи на претстојното младинско европско првенство до 20 години кое ќе се одржи во Финска.

Како што потврдија од Атлетската федерација, во Тампере отпатуваа нашите најдобри младински атлетичари Марко Алексовски и Брајан Авиа.

Алексовски ќе настапи на трките на 100 метри и на 200 метри, додека Брајан Авиа ќе се натпреварува во дисциплината скок во далечина.

Европското младинско првенство во Тампере стартува денеска.

ПретходноТашовски: Унгарија е фаворит, ни треба добра транзиција
СледноНаумчески го обнови договорот со Брера